Филмската авантура започнува пред изгрејсонцето

Наскоро ни претстојат слободни и празнични денови, во кои можеме да најдеме време за многу добри искуства, удобно сместени во креветот.

Зимата е најдобриот период за гледање на филм, особено слободните денови во зима.

Денешниот предлог не е вообичаен, со оглед на тоа што се работи за  триологија, во режија на феноменалниот Линклатер.

Овој режисер е луд, и тоа во секоја позитивна смисла што ви паѓа на ум. Неодамна ви го презентриравме неговиот најнов проект „Boyhood“ на кој што работел точно 12 години.

Гореспоменатата триологија со која што ќе ве запознаеме денес не се разликува многу во тој поглед. Имено, се работи за филмовите „Before Sunrise“, „Before Sunset“ и „Before Midnight

 

linklater

Најинтересно е тоа што и овде како и во Boyhood, Линклатер чека актерите да го доживеат својот реален процес на стареење.

Така првиот дел од триологијата „Before Sunrise/пред изгрејсонце“ е снимен во 1995 година, вториот во 2004-та и третиот во 2013-ата година.

Првиот дел зборува за двајца млади луѓе кои се запознаваат во воз и започнуваат заедничко патување, при тоа поврзаувајќи се емотивно со секој еден од многуте разговори кои се одвиваат во еден висок мисловен стил.

179750_442767965818703_782700937_n

Тие поминуваат заедно романтична вечер под ѕвездите.

Вториот и третиот дел повторно се драма поврзана со нивната љубов. Откако животот ги носи на различни страни, тие повторно се среќаваат – случајно или не?

Погледнете сами и дознајте како би изгледала средбата после 10 години, со личност со која што сте поминале само една ноќ во животот. Но, дали е тоа само една обична ноќ? Не ви откриваме повеќе. Земете си одмор и сетете се на оваа препорака.

Веруваме дека ќе бидете воодушевени од изборот.

- Реклама -