Филмските диви кои се соблекоа целосно на големиот екран! (+18)

Некои холивудски актерки имаат донесено одлука никогаш да не се собелчат на филм, и се држат на зборот.

Други се подготвени да направат сé за уметноста, па често ги гледаме голи во филмовите. Погледнете кои познати ѕвезди со задоволство се појавуваат голи.

Ен Хатавеј

Ен кариерата ја започна играјќи слатки девојки и принцези. Но за потребите на филмовите „Brokeback Mountain“, „Love & Other Drugs“ и „Rachel Getting Married“ таа се појавува гола и самата има кажано дека не се чувствува многу непријатно за време на снимањето на тие сцени.

Хедер Греј

Актерката Хедер Греј се има појавено гола шест пати во кариерата. Во филмот „Killing Me Softly“ се појавува неколку пати гола, а го покажа совршеното тело и на 44 години со кое докажа дека се чувствува одлично во него.

Пенелопе Круз

Пенелопе често пати се соблекува во филм, и тоа е така од самиот почеток на нејзината кариера. До сега се има соблечено десет пати на големиот екран.

Кејт Винслет

Кејт е вистински професионалец и целосно е посветена на актерството. Веројантно најпоната гола сцена на оваа актерка е во филмот „Titanic“, но од тогаш Кејт се има соблечено во филм уште девет пати.

Ким Катрал

Ликот кој го толкуваше во „Сексот и градот“, Саманта Џонс, нема ништо против голотијата и сака се што е провокативно. Ја имаме видено неколку пати гола во оваа серија, а се има соблечено повеќе до десет пати и во филмовите. Сепак, таа се заколна дека по 50-тиот роденден нема да ја отранува облеката пред камерите.

Анџелина Џоли

Анџелина се пофали дека најинтересно ѝ било кога ги снимале скес сцените со Антонио Бандерас во филмот „Original Sin“. Таа освен во тој филм се има соблечено во уште 11 други. А што Бред мисли за тоа?

Марион Котилард

Харизматичната француска актерка, исто така многу ја сака својата работа и секогаш дава се од себе. Така слатката Марион се има соблечено дванаесет пати, а една од нив ѝ има донесено Оскар.

Моника Белучи

Моника може слободно да се нарече кралица на голите сцени. Таа се има појавено гола во повеќе од шеснаесет филмови. Преубавата италијанка признава дека не се плаши од соблекување пред камерите.

- Реклама -