Повеќето луѓе гледаат филмови за забава и за да избегаат од реалноста, па не е тешко да се разбере зошто филмовите обично имаат целосно нереално крај. Од време на време сепак се појавува по некој филм со толку реален крај, што често директно успева да не шокира.
1. Забавни игри / Funny Games
Овој длабок психолошки трилер раскажува за двајца на изглед обични мажи кои продираат во семејна куќа, земаат како заложници семејството, кое потоа го убиваат. Режисерот навистина се обидува да ни влезе под кожа, бидејќи убијците зборуваат директно на камерата и прават да се чувствувате виновни додека гледате како убиваат цело невино семејство.
Што го прави крајот толку реалистичен: Целото семејство е убиено, а убијците веднаш почнуваат да бараат нови жртви. Овој крај нè потсетува дека во вистинскиот живот добрите луѓе не победуваат = и убијците често се слободни да прават што сакаат.
Неповратно / Irreversible
Француски инди филм за жена која е брутално силувана и активностите на мажите по инцидентот. Филмот е приказна на назад, а силувањето е прикажано цело и е доста тешко за гледање.
Што го прави крајот толку реалистичен: Во финалната сцена најубавата жена го започнува денот со книга во паркот. Вие веќе ги знаете ужасните нешта, кои ќе и се случат, но таа не може да направи ништо, за да се спаси од она што не знае дека и претстои. Крајот носи порака дека често не можеме да направиме ништо за да го промениме начинот на кој се развиваат нашите животи.
3. Реквием за еден сон / Requiem For a Dream
Еден од ретките филмови кои влегуваат длабоко во светот на наркоманијата низ очите на постара жена, нејзиниот син, девојка му и негов пријател.
Што го прави крајот толку реалистичен: Целиот филм е збунувачки и може да ве натера на многу пати да потрепнете, но крајот е еден од најпознатите депресивни краеви во историјата на кинематографијата. Тогаш доаѓа сознанието дека наркоманите ја продале душата за дрога, многу пред да се замислат да побараат помош. Покрај тоа, режисерот воопшто не не штеди и пораката е болна.
4. Маглата / The Mist
Крајот на „Маглата” е еден од најконтроверзните во историјата на кинематографијата. Приказната следи луѓето во мал град, кои се обидуваат да преживеат од смртоносна „чума”, кога магла го обвива целиот град. Малку луѓе сепак сфаќаат дека крајот е еден од најпознатите реалистични.
Што го прави крајот толку реалистичен: „Херојот ” на историјата решава да ги докрајчи останатите преживеани во колата со него, откако бензинот им завршува сред маглата. Точно откако ги убива сите, вклучувајќи го и сопствениот син, тој чека нешто да дојде од маглата и да стави крај на неговиот живот.
Проблем? Пристигнува помош токму во овој момент. Често пати во животот, кога се обидуваме да совладаме ситуација која е надвор од нашата контрола, наместо да почекаме и да видиме што ќе се случи, се откажуваме. Многупати по откажувањето доаѓа светлото. Никој не го знае ова подобро од мажот на крајот на овој филм.
5. Паднатиот / The Descent
Високо оценет хорор филм за убава жена во Германија, која се спушта во пештера, но таму открива грабливи чудовишта, пострашни од секој кошмар.
Што го прави крајот толку реалистичен: Оригиналниот крај на „паднатиот“ бил толку реален што го промениле за американската верзија. Во оригиналот, една од жените се радува дека избегала од пештерата, но тогаш сфаќа дека всушност никогаш не избегала и е збунета сосема. Уште едно потсетување дека добрите не секогаш победуваат.
6. Американска историја Х / American History X
Еден од најпознатите потресителни и длабоки филмови, направени некогаш. Приказната раскажува за животот на поранешен нео нацист.
Што го прави крајот толку реалистичен: Никогаш не би очекувале да го застрелаат неговиот брат, кој штотоку сфатил дека тргнал по погрешен пат! Тоа навистина не потсетува дека понекогаш можеби сме завршиле со минатото, но не и тоа со нас.
7. Седум / Se7en
Класичен трилер кој има изненадувачки реален крај. Филмот е најпознат по убиецот, кој извршува злосторства водејќи се по седумте смртни гревови.
Што го прави крајот толку реалистичен: Крајот, во кој полицаецот пука во криминалецот, граничи со катарза, но потоа тој го губи разумот. Во последната сцена тој е на задното седиште на полициски автомобил и зјапа во далечината, откако го застрелал убиецот кој ја отсекол главата на жена му. Тензијата настанува кога полицаецот сака да го убие криминалецот, но води битка со себе си. Многупати во животот газиме врз сопствените ставови кога некој ќе удри онаму каде што најмногу не боли.
8. Лет / Flight
Уште една авантура. Режисерот на „Форест Гамп” (Forest Gump) се обложува на историјата за пилот кој прави неверојатно достигнување, криејќи мрачна тајна зад него.
Што го прави крајот толку реалистичен: Иако изгледа малку нереално дека главниот лик решава да ја каже вистината токму пред да ја добие главната награда, многу пореално е дека го осудија на затвор и мораше да плати за своите постапки.
9. Судир / Crash
“Судир” без сомнение е целосно достоен зацоскар. Ова е длабок филм, во кој се испреплетуваат животите на неколку луѓе од Лос Анџелес. Ништо не е црно и бело.Тоа не е реален поглед кон постојаното менување на градски живот.
Што го прави крајот толку реалистичен: Целиот филм е вознемирувачки, но крајот е прилично студен. Камерата се зумира за да видите голем дел од градот. Исто како во вистинскиот живот, филмот завршува откачено, а животот само си продолжува … како и секогаш.
10. Зелената милја / The Green Mile
„Зелената милја” е филм на кој може да заплаче секој! Базирана на книга од генијот Стивен Кинг, оваа драма го следи односот на еден затворски надзорник обвинет за убиство на дете, кое ќе го промени засекогаш неговиот живот, како и животите на сите околу него.
Што го прави крајот толку реалистичен: Фактот дека невин црн маж од Југот умира за кривично дело кое не го извршил и сите кои сакаа да му помогнат не можеа да сторат ништо за тоа.
11. Наполеон Динамит / Napoleon Dynamite
„Наполеон Динамит” е еден од најпознатите комични филмови. Раскажува за еден губитник и неговите пријатели, кои се толку смешни колку и животот понекогаш.
Што го прави крајот толку реалистичен: Кконечно добива 5 минути слава (буквално) и потоа се враќа кон незабележителниот живот.
12. Кум 3 / The Godfather Part III
Последниот филм од трилогијата разгневи голем број фанови, откако стави крај на насилството. Иако целата приказна беше малку вештачка, крајот додаде голема доза реализам.
Што го направи крајот толку реалистичен: Мајкл Корлеоне умре како што повеќето мафијашки босови умираат во вистинскиот живот: – сам!
13. Градот на Бога / City of God
Познат како еден од најдобрите американските филмови на сите времиња, оваа приказна служи како грубо будење за реалноста во гетата по улиците на Бразил. Филмот е низ очите на амбициозен млад човек кој сака да избега од гетото и да стане фотограф. Тој раскажува приказна за беззаконие, која тешко можеме да јазаборавиме.
Што го прави крајот толку реалистичен: Иако филмот е базиран на вистинска приказна, крајот на никаков начин не е променет, за да личи на холивудски. Сите клучни ликови умираат (освен протагонистот) и целиот брутален прстен започна одново. Тажната реалност на вистинскиот криминал.
14. Лет над кукувичкото гнездо / One Flew Over the Cuckoo’s Nest
Класична приказна за маж кој глуми дека е луд, во обид да избегне затвор. Сакаше да го измами системот, но сепак на крај „шегата“ беше на негова сметка!
Што го прави крајот толку реалистичен: Во 50-тите, 60-тите и 70-тите, повеќето пациенти од лудница „заминувале“ во црна вреќа. Прашајте го протагонистот на крајот од филмот дали тоа е вистина или не… ако може да ви одговори.
15. Животот е прекрасен / Life is Beautiful
Маж раскажува на својот син фантастична приказна за тоа како ја игра играта, кога всушност страдаат како затвореници во концентрационен логор. Постојат милион и една причина овој филм да освои многу награди.
Што го прави крајот толку реалистичен: Синот преживува, но не и неговиот татко. Ова е крај, кој ќе ве потресе, но е брутално искрен во перцепцијата на тоа што претставувале овие кампови. Колку и да е ситуацијата страшна, родителот секогаш се обидува да ја претстави на безболен начин, за да ги заштити своите најмили.