Фетбој Слим на Егзит

Еден од најпознатите ди-џеи на денешницата Фетбој Слим ќе ја отвори Денс-арената на овогодишниот фестивал Егзит во Нови Сад.

Фетбој Слим е еден од најзаслужните за тоа што електро музиката го пронајде патот кон мејнстрим културата.

„Премногу го сакам ова за да престанам. Никогаш не сум бил секс симбол, па не ми е важно дали луѓето мислат дека сум премногу стар или ќелав за да се занимавам со оваа работа. Постојано се обидувам да правам нешто ново. Никој не знае во кои години ди-џејот би требало да престане да се занимава со музика. Очигледно уште не сум стигнал до тие години. Тоа ми причинува огroмно задоволство“, вели Норман Кук, човекот кој се крие зад името Фетбој Слим.

Тој рекол дека очекува сјаjно шоу на Егзит, што оваа година ќе се одржува од 10 до 14 јули.

- Реклама -