На Дениз Чакир, славната турска актерка, кај нас најмногу позната како Ферхунде од серијата „Кога лисјата паѓаат“, или, Шах Султан од „Величествениот“, пред неколку дена и e била дијагностицирана тешка болест.
Имено, Турските медиуми велат дека при рутински преглед на Ферхунде и бил констатиран тумор на јајниците, па по предлог на лекарите таа ќе треба наскоро да се подлежи на операција.
Наводно Дениз Чакир не се сложила со итна операција и се одлучила за уште неколку мислења од истакнати турски лекари.