Празниците, особено божиќните и новогодишните, се време за собирање на семејството. Веројатно ги сакате својот дом и атмосферата, како и тоа во него а направите нешто убаво, а фенг шуи може да помогне за таа цел. Во продолжение неколку совети.
– Елката поставете ја спротивно од влезот во домот.
– Ставете природни украси на елката.
– Немојте да избегнувате сијалички и светлосни украси. Огнот симболизира слава и углед, а сијаличките симболично го претставуваат огнот.
– За да го подобрите здравјето, божиќната ѕвезда или некое друго живо цвеќе засадено во земја држете го на средината од просторијата.
– Украсените анѓели ставете ги лево од влезната врата. На тој начин ќе осигурате помош од луѓето кои што ви се драги.
– Во десниот агол, спротивно од влезната врата ставете две миризливи или украсни свеќи. Тоа симболизира многу љубов и разбирање. Најдобри бои за свеќа се жолта и црвена.
– Освежете го својот дом со свежи бои и пријатни миризби.
– Зад вазната со цвеќе поставете украсно огледало за да се дуплира убавината.
– Додадете перници или некои други округли предмети кои ќе ви помогнат при протокот на позитивна енергија.
– Повикајте парен број на гости.
– Луѓето кои ви се драги не би требало да седат во близина на огнот. Оној кој седи до излезот, секогаш прв си заминува.
– Пуштете ги децата да уживаат. Немојте постојано да им забранувате нешто.