Веќе подолго време се шушка дека по раскинувањето со старата девојка, малдиот актер се забавува со познатата пејачка.
Според американските таблоиди, Кејти Пери и Роберт Патисон се во љубовна врска. Судејќи по фотографиите, медиумските написи се покажаа вистинити – Кејти и Роб се фатени на дело.
Заедно влегле во ноќниот клуб „Hollywood Palladium“ во Лос Анџелес, каде што двајцата стигнале на концертот на Бјорк. Иако стигнале заедно во друштво на пријатели, си заминале одвоено за да ги избегнат фотографите.
„Во последно време Кејти и Роб поминуваат многу време заедно и има голема хемија меѓу нив“, раскажал пријател на актерот за магазинот „Grazia“.
28-годишната пејачка неодамна раскина со музичарот Џон Мајер, додека пред неколку недели Роберт се исели од заендичкиот дом со Кристен Стјуарт.