Тие се спријателија на снимањето на филмот „Fear and Loathing in Las Vegas“ уште во 1998 година, но љубовните искри ги почувствувале неодамна.
Според американските таблоиди, Бенисио Дел Торо и Камерон Диаз се во љубовна врска. Двојката била забележана на вечера во Њујорк, а актерката на сите начини се обидувала да се сокрие од фотографите.
Меѓутоа, токму фотографиите на кои Камерон се обидува да се сокрие ги поттикна шушкањата за љубовна врска со актерот.
Тие се запознале во 1998 година на снимањето на „Fear and Loathing in Las Vegas“, а наскоро треба повторно заедно да застанат пред камерите за снимањето на „Agent 21“.