Скандалозната вест беше потврдена преку прилично интересни фотографии од актерката во интимно друштво на, наводно, нејзината најдобра пријателка Алиша.Всушност Кристен и бринетата се љубовници веќе неколку месеци, а нивната љубов решиле повеќе да не ја кријат од никого. Така кога ги здогледале папараците се смешкале и продолжиле заљубено да гледаат една во друга без да ги засега што ќе каже јавноста и дали ќе ги осуди.
Лезбејската двојка беше начекана како се бакнува страсно за време на романтичниот одмор на Хаваите.
По драматичните односи и врската со нејзиниот вампир од „Самрак“, Роберт Патисон, Кристен се преориентира кон сопствениот пол.