Фатални жени: На што мажите навистина не можат да одолеат?

Тешко е да се предвиди што сакаат и мислат мажите, бидејќи секој поединец има своја перспектива за животот и за тоа како работите би требало да се одвиваат. Атрактивните девојки се секогаш магнет за посилниот пол, но доколку не ги поседуваат карактерните особини кои се наведени подолу, тие ќе бидат само краткотрајни авантури. Еве на што навистина не можат да одолеат мажите, без разлика на физичкиот изглед:

Пријателски однос

Повеќето мажи сакаат со својата партнерка да можат да разговараат буквално за се, за најголемите проблеми и ситуации кои се чинат безизлезни, за постигнатите успеси, недоумиците, и да ја почувствуваат потребната поддршка. На ваквите жени тие можат да се потпрат и знаат дека можат безусловно да им веруваат.

Независност

Независната жена е нешто на што мажите не можат да одолеат. Овде не станува збор за финансиска независност (иако мажите секако дека тоа ќе го сметаат за дополнителен плус), туку за жена која знае што сака во животот. Жена која има свои активности, обврски и афинитети, и која знае да одржи баланс меѓу сите нив. Мажите секогаш им даваат предност на ваквите девојки.

Make-a-Pisces-Man-Fall-in-Love-with-You-5

Опуштеност

Повеќето мажи (но и жените воопшто), не сакаат да бидат изложени на непотребни притисоци. Тие не сакаат да бидат приморани да прават работи кои не ги сакаат. Јавувањето и праќањето пораки на секој половина час се една од работите кои никој не може да ги поднесе. Тие од нивните партнерки сакаат да се опуштат и да не ги присилуваат на било што.

Еднаквост

Факт е дека повеќето „нормални“ мажи ја почитуваат и веруваат во еднаквоста меѓу мажите и жените. Измина онаа доба во која улогата на жената беше таа да биде само домаќинка и мајка. Жените кои не сакаат да го живеат својот живот водејќи се од старите традиции и стереотипи, всушност, се вистински магнет за мажите. Ваквите жени им даваат на знаење на мажите дека се „космополит“, образовани, и дека не сакаат да трпат било какви неправди.

shutterstock_71230213-e1383778154282

Разумност

Повеќето мажи ги сметаат мудрите жени за привлечни. Зошто? Бидејќи тие се зрели, знаат што сакаат и смирено го кажуваат она што го мислат. Освен тоа, тие знаат како да реагираат во непријатни ситуации, без да создаваат некаква „драматургија“. Ваквите жени ќе реагираат кога ќе забележат „лошо однесување“, и ќе кажат што не им се допаѓа, бидејќи ќе сакаат да ги променат работите кон подобро.

Култура

Колку што на девојките не им се допаѓаат „невоспитани“, груби мажи, толку ниту на мажите не им се допаѓаат жените без манири. Всушност, на повеќето мажи ваквите девојки им се одбивни. Со самото тоа, жената која поседува учтивост, манири и знае како да се однесува, е вистински магнет за секој маж.

- Реклама -