Кејт Винслет на премиерата на новиот филм изгледаше фатално во црвениот фустан.
Насмеана од уво до уво, во црвен долг фустан и високи потпетици, Кејт Винслет го привлече вниманието на лондонската премиера на филмот „Labor Day“.
Но, филмот падна во втор план, а славната Британка гордо го покажа нејзиниот труднички стомак. Нејзиното трето дете, а прво со сопругот Нед Рокенрол треба да дојде на свет на крајот на годинава.
38-годишната Кејт ги има синот Џо и ќерката Миа. Кејт и Нед се венчаа на почетокот на оваа година, а по шест месеци објавија дека чекаат принова.