По седум години врска и повремени прекини се чини дека раскинот на познатиот пар овој пат е конечен!
Познатата пејачка Никол Шерцингер го оставила возачот на Формула 1, Луис Хамилтон, пишува Daily Mail.
Се чини дека седмата година од врската навистина е критична, бидејќи шокантниот прекин дојде по точно седум години врска. Наводно Никол одлучила да ја прекине врската со Луис затоа што одбил да се ожени и да основа семејство.
„Се расправаа веќе со месеци, но сега работите се влошија. Никој раскина бидејќи знае дека Луис нема намера да се ожени. Таа е изгубена кога станува збор за нејзината иднина“, открил изворот.
Според извор на MailOnline се тврди дека одлуката била заедничка.
„Тоа беше заедничка одлука. Врската на далечина ги држеше одвоени долго време. И двајцата го поминуваа поголемиот ден од времето сами, бидејќи тие беа во различни земји цело време. На Никол ѝ е скршено срцето и е уништена.“
Парот веќе неколку недели не е виден заедно во јавноста, а на неговиот Инстаграм профил нивна заедничка фотографија последен пат е објавена пред еден месец. Никол и Луис веќе неколку пати имаат раскинувано претходно, и тоа прво во јануари 2010 година, па во 2011 години и во јули 2013 година.