Светското фудбалско првенство се приближува, а атмосферата се загрева со овој „тим од соништата“ од Бразил.
Познатиот супермодел од Бразил Жизел Бундхен ја покажа својата убавина во полн сјај на новата насловна страна на списанието Vouge.
Но таа не е сама- ѝ помага познатиот бразилски фудбалер Нејмар да Слива Сантос Џуниор. Нејмар инаку игра за ФК Барселона, и овој пат се најде во манекенска улога.
И двајцата во бело гордо во носат бразилското знаме, а биле сликани од фотографот Марио Тестино. Жизел е веќе позната како страсвена навивачка, а Нејмар ќе го гледаме на фудбалскиот терен во дресот на родниот Бразил.