Фановите ја „умреа“ Мајли Сајрус

Мајли Сајрус им докажа на своите фанови дека е жива, со новата слика, која што ја објави на  социјалните мрежи – позирајќи топлес во пустина.Во последните 3-4 дена напорно се говори  дека пејачката е мртва, откако се појави страницата на Фејсбук „Почивај во мир, Мајли Сајрус “.

На неа имаше објаснување  дека ѕвездата починала,па многумина поверуваа и започнаа да изразуваат сочувство.

Во меѓувреме Мајли целосно исчезна  и дури престана да биде активна онлајн, што е нетипично за неа и ги засили шпекулациите.

Портпаролите на ѕвездата објаснија дека „Таа е жива и се чувствува добро”, и  ги предупредија нејзините обожаватели да не веруваат на се што се пишува на интернет.

- Реклама -