Почина еден од најбруталните лидери на култови кои извршуваат убиства, а сега членовите на неговата т.н. „фамилија“ сакаат надвор од затвор.
Чарлс Менсон беше предводник на една фамилија следбеници кои ги вршеа сите убиства кои ги намислуваше, без тој воопшто да си ги извалка рацете со крвта на жртвите.
Менсон почина на 83-годишна возраст, а голем дел од неговите следбеници, односно членови на „фамилијата Менсон“ сметаат дека неговата смрт ги зголемува шансите тие да бидат пуштени на слобода.
Патриша Кренвинкел, на пример, која е обвинета за убиствата во куќите на Тејт и Лабјанка всушност е жена-затвореник која издржува најдолга затворска казна во Калифорнија. Таа признала дека избодела една од жртвите околу 12 пати и ја употребила нејзината крв за да пишува пораки по ѕидовите.
Кренвинкел неколкупати се обидела да се одбрани со тоа дека била премлада и заведена од Менсон, за да ја намали својата казна, но безуспешно.
Лесли Ван Хоутен не учествувала во масакрот кај Тејт, но се придружила наредниот ден, убивајќи ја Розмери Лабјанка. Многумина сметаат дека таа одамна би била на слобода доколку не била дел од толку непопуларниот култ на Чарлс Менсон.
Чарлс Вотсон му бил десна рака на Менсон и всушност тој ги внел останатите во домот на Шерон Тејт, следејќи ги инструкциите на претпоставениот. Во затворот, при посетите на неговата сопруга, успеал да стане татко четири пати. Тој се обидел да го продолжи култот на Менсон пред да биде фатен и затворен во обидот да избега по криминалите кај Тејт и Лабјанка.