„Мои рецепти“ денеска подготвија прекрасна торта, која фантастично може да ви „легне“ викендов.
Подготовка на пандишпанот
Белките се бијат со шеќерот додека се направи снег. Потоа се додаваат брашното, лешниците, пецивото и се мешаат со голема лажица да се изедначат.
Смесата се става во намачкан со путер и набрашнет плех, се рамни и се пече во заграна рерна на 180 степени околу 15 – 20 мин.
Подготовка на филот
Жолчките малку се бијат со 10 лажици шеќер и потоа се варат на пареа додека се згустат. Се оставаат да оладат.
Чоколадата се топи на пареа и се остава малку да подолади.
Путерот се бие со шеќерот во прав и се додават жолчките и чоколадата. Се бијат сите заедно убаво да се изедначат. Ако мислите дека филот е премногу мек пред да е филовате тортата ставете го малку во фрижидер да се стегне.
Печениот пандишпан се сече на три ленти и се филова со филот.
Одозгора и по страните украсете ја со изматена слатка павлака и украсни трошки.
Тортата се остава во фрижидер неколку сати да се стегне, потоа се служи.