Шеснаесетиот претседател на САД, Абрахам Линколн, е убиен пред речиси 150 години, на 15 април 1865 година во Вашингтон.
На кобниот 14 април, Линколн ја гледал претставата „Our American Cousin“, со цел да се смири од големиот стрес предизвикан поради Граѓанската војна, пишува Бизнис Инсајдер.
Џон Вилкс Бут, познатиот актер и шпион на Конфедерацијата од Мериленд, бил човекот кој со куршум во глава го погодил претседателот од зад грб. После девет часа минати во кома, утрото во 7.22 минути Линколн починал.
Откако бил убиен, неговиот капут со предмети кои му биле во џебот биле предадени на неговиот син Роберт Тод, кој во 1937 година ги предал во Конгресната библиотека.
Кобната вечер Линколн со себе носел два пара очила, џебно ноже, девет исечоци од весници, кожен паричник и 5 долари.
Со оглед на тоа што пател од страбизам, на Линколн му биле потребни два пара очила, едни за читање и едни за далечина, објаснува Бизнис Инсајдер.
Воедно, магазинот потсетува на фактот што денеска, неговиот лик се наоѓа на валутата од 5 долари.