Еве како ќе изгледа раѓањето на кралското бебе

Вилијам и Кејт можеби се модерни родители, но нивното дете еден ден ќе седне на кралскиот трон, па поради тоа раѓањето на идниот престолонаследник или престолонаследничка ќе се одигра по строго пропишан протокол.

Некогаш на кралското породување присуствувал министерот за внатрешни рабори, но за среќа на Кејт, таа традиција не се применува од крајот на 30-те години. Поради тоа во моментот на раѓањето на неговото дете ќе присуствува принцот Вилијам, како што на неговото бил присутен принцот Чарлс.

1d6327fc-e7ff-4798-84da-0d952fcd9100_Pregnant-Kate-Middleton-Prince-William-Westminister-Abbey-60th-anniversary-Queen-s-Coronation

Први за раѓањето на детето ќе бидат известени кралицата Елизабета Втора, тесниот круг на кралското семејство и родителите на Кејт, а потоа кралските лекари ќе потпишат известување. Истовремено, Бекингемската палата, во склад со модерното време, таа информација ќе ја објави на Фејсбук и на Твитер.

Веста за раѓањето ќе ја означат 62 почесни плотуни од Лондонската кула и 41 плотун од Грин паркот во близина на Бекингемската палата.

Министерот за внатрешни работи ќе го извести градоначалникот на Лондон, а кралскиот приватен адвокат ќе испрати известувња до гувернерите на Комонвелтот.

pregnant-kate-middleton-pregnancy-fashion-peach-dress-coat-jpg_151628

Јавноста ќе мора да почека неколку денови за името на детето. Британците една недела чекале за името на Вилијам, а дури еден месец за Чарлс. Се знае дека дететето ќе ја носи титулата принцеза или принц од Кембриџ. Кралските деца вообичаено имаат пет или шест кумови, а први кандидати се Хари, братот на Вилијам и Пипа и Џејмс, братот и сестрата на Кејт.

- Реклама -