Еве како ќе изгледа Марго Роби во улогата на Шерон Тејт

Марго Роби на својот профил на Инстаграм објави фотографија од себе во најновата улога.

Таа во новиот филм на Тарантино ќе ја глуми актерката Шерон Тејт, која беше убиена од страна на кланот на Чарлс Менсон. Тејт му беше сопруга на режисерот Роман Полански и беше убиена во 9-тиот месец од бременоста.

Филмот носи наслов „Беше еднаш во Холивуд“ и дејството ќе се одвива во 1969 година. Покрај Марго Роби, ќе глумат и Леонардо Дикаприо, Бред Пит, Лук Пери, Дакота Фенинг и Ал Пачино.

Во трката за тоа кој ќе ја глуми Тејт беше и Џенифер Лоренс. Сепак, Тарантино, но и членови на семејството на покојната актерка сметаа дека Роби е подобар избор.

- Реклама -