Лук Пери, актерот кој славата ја стекна по неговата улога во тинејџерската серија „Беверли Хилс“, папараците успеале да го сликаат во „опуштено“ издание додека се шетал по улиците на Лос Анџелес.
Поминаа точно 25 години откако актерот Лук Пери, во ликот на неодоллив заводник и „мангуп“, Дилан Мекеј, мамеше воздишки кај тинејџерките ширум светот.
Во серијата „Беверли Хилс“, Пери играше „проблематично“ момче покрај Бренда ВОлш, која неколку сезони ја играше актерката Шенен Доерти.
Иако на почетокот на деведесеттите години важеше за згоден фраер, се чини дека по сите овие години, Пери не изгубил многу од својот карактеристичен шарм. Само по некоја брчка на лицето се доказ дека актерот влегува во својата петта деценија од животот.