Овој график изработен од страна на финансиската групација Credit Suisse, покажува како е распределено светското богатство, односно укажува на огромниот јаз меѓу богатите и сиромашните. Малата пирамида всушност е приказ на распределбата на светското богатство меѓу ултра-супер богатите, супер-богатите, богатите и сите останати.
Пирамидата направена од страна на групацијата Credit Suisse покажува дека 32 милиони луѓе односно 0,7 отсто од возрасната светска популација, контролира 98,7 билиони долари, или околу 41 процент од богатството во светот. На дното на пирамидата може да се увиди дека 3,2 милијарди луѓе, односно 68,7 отсто од возрасната популација во светот, контролира само три проценти од вкупното богатство или околу 7,3 билиони долари.