Иницијативата на Дизни да направи мала расна промена кога ја создаде црната принцеза Дијана, беше подвиг кој го поздравија многумина, но за оние кои сакаат да видат промени и кај останатите познати дизниеви принцези, постои Tumblr блогот „Let There Be Doodles“ кој се погрижи за тоа да се реализира. Уметникот во своите 9 дела ни пренесува како во неговата имагинација изгледаат Снежана, Пепелашка, Ариел и останатите, доколку беа од други земји низ светот. На почетокот на самата галерија, уметникот нагласува дека зад неговите илустрации нема никаква политичка агенда, и дека него едноставно го интересира уметноста на дизајнот.