Вереникот на Мила Кунис, Ештон Кучер е многу љубоморен маж, а тоа го докажа дури неколку пати кога некој ќе и се приближи на неговата најмила, Мила.
Се зборува дека Мила има поголема доверба во Ештон, отколку тој во неа.
Негов близок пријател изјавил дека Ештон полудува кога на Кунис ќе и се доближи друг маж.
– Ештон знае дека се жени со секс симбол, но го сака фактот дека Мила има привлечен задник. Сепак, станува многу незгоден кога ќе и се приближи некој маж, открива пријателот.
Иако ја изневерувал својата поранешна сопруга, Деми Мур, Ештон без пардон прави љубоморни сцени и не дозволува никој да зјапа во неговата избраничка.
– Баш неодамна мила помина покрај едно градилиште, а мажите и дофрлаа коментар. Едвај се воздржа да не направи некоја глупост.