„Епл“ достигна вредност од еден трилион долари

Технолошкиот гигант е првата компанија во светот која вреди еден трилион долари или со бројка, 1.000.000.000.000 долари.

Цената на акциите на „Епл“ на њујоршката берза повторно е во пораст. Оваа компанија веќе неколку години е меѓу највредните во светот, со пазарна вредност од околу 900-950 милијарди долари.

Откако излезе првиот Ајфон во 2007 година, вредноста на акциите на „Епл“ порасна за 1.100%, при што само лани скокна за речиси третина, односно од регистрирањето на компанијата во 1980 година, растот е вкупно 50.000%.

Минатата година, компанијата остварила продажба во вредност од 229 милијарди долари, остварувајќи профит од речиси 50 милијарди.

- Реклама -