Eн смени го стилистот! Актерката овојпат личи на лампион

Минатата седмица пишувавме за две чудни модни појавувања на актерката Ен Хатавеј, ако сте ги пропуштиле видете ТУКА.

Денеска продолжуваме, бидејќи таа станува неисцрпна тема кај модните критичари за полнење на категориите, како нашиот моден УПС на денот.

Ен Хатавеј се појави во на премиерата на филмот “Interstellar” одржана во Њујорк на 3-ти ноември во кичеста тоалета.

Актерката и нејзината стилистка Рејчел Зое храбро експериментираат со визијата, а овој пат изборот им застана на фустан од пролетната колекција на Rodarte за следната година.

Фустанот сам по себе е ремек поради скапите материјали, од кои што е изработен, како и времето потрошено на рачна работа. Моделот е издржан во бои како графит, сина и црна и е насликан на рака. Има употребено и Swarovski кристали.

Никој не ги оспорува неговите квалитети, но на актерката воопшто не и прилега. Таа изгледа како новогодишен украс, кој предвреме посакал „Среќен божиќ“.

Како ви се допаѓа вам?

"Interstellar" New York Premiere "Interstellar" New York Premiere 1415062435657_Image_galleryImage_Mandatory_Credit_Photo_by 1415091380120_Image_galleryImage_New_York_premiere_of_Inte

 

- Реклама -