Ен Хатавеј има највлијателна филмска фризура

Иако Џенифер Анистон е сопственичка на најпознатите и најпопуларните фризури во Холивуд,  експертите ја избраа кратката фризура на Ен Хатавеј за највлијателен филмски „look“.

Хатавеј првпат ја носеше таа фризура во филмот „One Day“ во 2011 година, а потоа во филмот „Les Misérables“, во улогата за која доби Оскар.

Anne-Hathaway-Oscars-2013-hair

Актерката призна дека долго време по шишањето за филмот не можела да се утеши. Меѓутоа, модните критичари дадоа високи оценки за изгледот на Ен на овогодишното доделување на Оскарите.

Во анкетата во која учествувале 1000 луѓе од Советот на фризери на Велика Британија и „Universal“ студиото, на второ место се најде фризурата на Џенифер Анистон во филмот „Along Came Polly“, а на трето високата пунџа на Одри Хепберн во „Charade“ од 1963 година.

jennifer-aniston-in-along-came-polly

На четврто место е долгата коса на Вероника Лејк во филмот „The Blue Dahlia“, а на петто фризурата на Моли Рингвалд во комедијата „The Breakfast Club“.

f

Анкетата открила дека секоја десетта жена ја сменила својата фризура затоа што била инспирирана од некоја филмска икона.

„Филмот може да ве инспирира на многу работи, а особено да го смените вашиот изглед“, вели фризерот Чарлс Вортингтон кој е заслужен за фризурите на многу познати личности.

- Реклама -