Емина скандалозно го напуштила X factor: Ова е новото жири

Според првичните информации Емина Јаховиќ беше една од членовите на жири-комисијата и во втората сезона. Сепак, не излезе според планираното.

Регионалното шоу X Factor е во исчекување на својата втора сезона, а промените околу составот на жири-комисијата не спласнаа…се до денеска.

Веќе е познат составот на сите имиња, а меѓу нив не е славната Емина Јаховиќ. Таа доживеала големо разочарување откако од продукцијата и било соопштено дека нема да и бидат финансирани основните потреби, како шминка и фризура. Таа бесно ја напуштила Србија и се упатила кон аеродромот.

„Секаде во светот, продукцијата е таа што ги обезбедува сите потреби на комисијата. Емина очекуваше дека и годинава ќе биде така“, вели извор близок на пејачката.

Наводно, продукцијата се уште и ги немала исплатено ни ланските хонорари на Јаховиќ.

Кој ќе биде на местото на Емина?

На официјалната страна на X Factor се појави комплетната листа на ѕвезди што ќе го откријат следниот музички талент.

Официјално тоа ќе бидат Масимо Савиќ, Александра Ковач, Тончи Хулч и Жељко Јоксимовиќ.

x

- Реклама -