Атрактивната пејачка Елена Рисеска се појави во ревијалниот дел на шоуто X Фактор, каде ја отпеа својата песна „Доживотно“ на српски јазик.
Автор на песната е Александра Милутиновиќ, а Елена вели дека кога ја слушнала за прв пат останала без здив.
„Песната е многу емотивна и кога првпат ја слушнав ме остави без здив. Сјајниот Дарко Димитров го направи аранжманот. Направивме две верзии, на екс-ју јазик и на македонски. Чест ми е да гостивам на Икс Фактор, приватно многу сакам ваков тип на емисии, знаејќи дека и самата пред тринаесет години победив на слично натпреварување во Македонија и тогаш започна мојата кариера“, вели Ристеска.