Американска туристичка агенција нуди екскурзија по стапките на локациите каде што е снимена серијата “Игра на престоли” во Северна Ирска и Велика Британија.
Фановите на серијата имаат можност да направат и фотографии со костимите од филмот и да дознаат повеќе за тоа како старите ирски замоци и кули се претворени во имагинарни средновековни населби.
Северна Ирска е една од главните локации за снимање, меѓу Исланд и Хрватска. Покрај Белфаст, фановите на „Игра на престоли” ќе посетат и замок од 18 век, каде се снимени едни од главните сцени во првата и втората сезона. Ќе бидат откриени тајни за специјалните ефекти, а туристите ќе можат самите да пробуваат да целат со лак исто како и нивните омилени ликови.