Anantara Kihavah е името на ланецот луксузни вили кои ќе ги погледнете во галеријата подолу. Станува збор за раскошно одморалиште и спа-центар на Малдивите, кое нуди единствена егзотична приказна која секој би сакал да ја искуси.
Комплексот содржи 74 вили и 4 големи резиденции, со фантастичен ентериер кој вклучува бамбус, големи базени, џакузи, дрвени тераси, надворешни туш кабини, и волшебни пејсажи кои вредат повеќе од се.
А, и да… Цената за едно ноќевање се движи од 1170 до 6625 долари.