Швајцарската компанија Savelli верува дека жените заслужуваат многу.Затоа неодамна на моднoто дефиле во Париз ја претстави својата нова колекција од 11 мобилни телефони за дами со луксузен дизајн. Ексклузивните Smartphones имаат егзотични имиња како што се „Ardent Red” или „Diamond Night”. Истите се покриени со крзно од Игуана, син ној и црн алигатор, а на надворешноста имаат злато, керамика и камења.
„Кога го правевме дизајнот, веќе знаевме што сакаме” , вели сопственикот на компанијата. „Сакавме да создадеме мобилен телефон кој ќе ја отсликува женственоста, сакавме тој да биде со заоблени форми, но, исто така и да е модерен“, додава тој.
За да се постигне потребната форма, специјалистите го покривале екранот со специјално стакло кое се користи при изработката на часовници high-end. Рингтоновите за новото луксузно телефонско уживање, се специјално компонирани од францускиот диџеј продуцент Стефан Помпинак. И на крајот доаѓаме до цената – најевтиниот чини 9000 долари. Најскап е “Black Insane” и е украсен со 75 дијаманти. Ви се допаѓа ли?