Едноставни и без печење – Чоколадни рум кугли

Румот во комбинација со чоколадо и мелени лешници создава слатка идила совршена за викенд за паметење.

Состојки:

– 150 г. чоколадо
– 50 г. масло за готвење
– 150 г. мешани мелени лешници и бадеми
– 2 лажици рум + 2 лажици смеѓ шеќер
– 2 лажици рум

Подготовка:

Ставете го чоколадото во загреано масло и стопете го на пареа. Додадете ги мелените лешници и бадеми и промешајте. Румот и шеќерот загрејте ги се додека шеќерот не се стопи во целост, и оставете да се олади. Потоа додадете ги во смесата со чоколадо и промешајте. Додадете уште две лажици рум, промешајте, и обликувајте кугли.

Оставете ги да отстојат неколку часа во фрижидер за да се стврднат. Извалкајте ги во какао, цимет или стопено чоколадо.

- Реклама -