Денеска ви претставуваме еден фантастичен рецепт, а што се е потребно за оваа Милка торта видете во продолжение!
Состојки:
1 л. млеко
10 лажици шеќер
3 пудинг од ванила
300 гр. млечна Милка чоколада
100 гр. бела милка чоколада
500 мл. слатка павлака
плазма кекс колку што е дното во круг.
Подготовка:
Од литро млеко одземете малку млеко за да ги изматите шеќерот и пудингот. Останатото млеко ставете го да проврие па гответе го разматениот пудинг и шеќер. Врелата смеса поделете ја на два дела, па во еден ставете бела, а во друг млечна чоколада и мешајте додека не се стопи. Оставете да се олади.
Изматете ја со миксер слатката павлака па 1/4 ставете во белиот и 1/4 во темниот крем.
Земете округла тепсија, па ставете ќеса и наредете ја плазмата низ тепсијата и полијте ја со бел крем, па на него ставете го остатокот од слатка павлака ( половината која останала) и одозгора ставете го темниот крем, се правете лесно и внимателно. Потоа наредете нов ред плазма натопена во млеко. Затворете ги ивиците не кесата и ставете ја во ладнилник неколку часа. Потоа извадете, отворете ја ќесата, преколопете ја со голема чинија и превртете ја. Вашата Милка торта ќе има идеален облик. Декорирајте по желба.