Еден од најпосакуваните актери стана татко

Секси актерот Чанинг Татум и Џена Деван Татум станаа родители за првпат.

Холивудскиот актер Чанинг Татум и неговата сопруга Џена Деван Татум добија ќерка.

Славниот заводник кој е прогласен за најсекси маж во 2012 година моментно се наоѓа во Лос Анџелес каде што го снима новиот филм „Jupiter Ascending“ додека неговата сопруга се наоѓа во Лондон каде што се породила.

pregnant-jenna-dewan-channing-tatum-oscars-2013-red-carpet-01

Двојката уште не го открива името на бебето, а пресреќниот татко на Џена ја потврдил радосната вест.

„Тоа што ќе станеме баба и дедо е прекрасно искуство. Толку емотивно што не можам да ја тргнам насмевката од лице. Едвај чекаме да го видиме бебето и да ги прегрнеме Џена и Чанинг. Тие се неверојатна двојка и ќе бидат одлични родители. Многу сум возбуден“, изјавил пресреќниот дедо Дерил Деван.

- Реклама -