Книга: „Еден ден“ од Дејвид Николс

Oваа горчливо-слатка приказна започнува на 15 јули, на Свети Свитин, 1988 г., кога Декстер Мејхју и Ема Морли, и двајцата студенти на Универзитетот во Единбург, се запознаваат по свеченото доделување на дипломите.

Поминуваат една „баш убава ноќ“ заедно, и утредента треба секој да тргне по својот пат. Но и покрај неизвесната иднина и спротивните карактери – тој, главен фраер што прераснува во водителска ѕвезда на идиотски тв-емисии; таа, несамоуверена интелектуалка што работи во мексикански ресторан и сонува да стане писателка – стануваат најдобри пријатели, а иднината на нивната обострана, но поттисната љубов е сè понеизвесна.

Нивниот однос ни се открива низ фотографска секвенца од нивните животи на истиот ден – 15 јули – секоја година во наредните дваесет години. Низ подеми и падови, смеа и кавги, надежи и пропуштени шанси, ја следиме приказната за двајца млади што созревајќи се помируваат со природата на нивната љубов, но и на самиот живот.

Каде ќе бидат на овој ден догодина? И наредната година? И годината потоа? Дваесет години, две души, ЕДЕН ДЕН. Декс и Ем, Ем и Декс.

Прекрасна книга – мудра, неизмерно комична и досетлива, а истовремено длабока, сочувствителна и наместа неподносливо тажна.

„Совршена книга за болната празнина меѓу она што некогаш сме биле и она што сме сега… Извонредна и несекојдневна љубовна приказна.“ – Тони Парсонс

„Тешко дека ќе пронајдете позабавна романтична комедија од приказната за Декс и Ем.“ – Индепендент

Повеќе информации за книгата ќе најдете на веб-страницата на Издавачкиот центар ТРИ или на Фејсбук страницата „Вљубени во книгата“.

Добитник на „Стив Џобс“ од Волтер Ајзаксон е Ивана Јосимовска.

- Реклама -