Третата сезона на „Игра на тронови“ започнува на 31 март. По повод нејзината премиера, екипата направи забава, а на обожавателите им претстави уште еден нов трејлер. Не очекуваат битки, змаеви и огнови, баш како што се навикнавме.
На забавата се издвои Емилија Кларк која во серијата ја глуми Денерис. Таа носеше елегантен фустан од Викторија Бекам, а во новиот трејлер ќе ја видиме како кралица која успеала да собере војска и да го започне големото освојување.
[youtube]http://youtu.be/R4XSeW4B5Rg[/youtube]