Џони Деп за влакно ја избегна смртта при падот од коњ (видео)

Џони Деп едвај и побегна на смртта кога минатата година снимањето на една од сцените на филмот „Осамен ренџер“ тргна наопаку.

Додека несреќата се случувала, членовите на екипата биле возбудени,а еден од нив им рекол на останатите да не приоѓаат додека не пристигнат болничарите.

image (1)

Деп помина само до гребнатини на стомакот, а веќе во следниот миг бил добро расположен и се пошегувал: „Жените сакаат скршени коски.“

Сепак, невозможно е а да не се запрашаме што би се случило кога познатиот актер поинаку би паднал на земјата, или доколку коњот паднеше преку него. За среќа, Деп помина без посериозни повреди.

http://youtu.be/FnuCZSoYI2A

- Реклама -