Џоли ѝ го украде вториот дом на Џенифер Анистон

Пред седум години ѝ го украде саканиот, а сега и омилениот хотел.

Анџелина Џоли и Бред Пит во вторникот вечерта престојувале во омилениот хотел на Џенифер Анистон, Сансет Тауер.

Но, работата да биде уште поинтересна, Анџелина го побарала апартманот во кој редовно ноќева Џенифер, а кој чини 2 500 долари за една ноќ.

1

Иако двојката редовно кога сака да се одмори од децата престојува во хотелите Четири сезони и Хотел Бел Ер, а сите детали ги договара Бред, овој пат Анџелина ги земала работите во свои раце и одлучила да резервира во хотелот во кој престојува Џенифер и на која тој апартман и е како дом. Во него живеела три месеци заедно со свршеникот Џастин Тероукс додека купувала куќа во Бел Ер. Актерката толку се одомаќинила во хотелот, така што на еден келнер му дала и улога во филм.

- Реклама -