Многу ретко имаме прилика да ѕирнеме во домовите на славните, но Џесика Алба широко ни ги отвори вратите.
32-годишната актерка ги покани Domainehome.com во нејзиниот дом во Беверли Хилс за да открие повеќе за нејзиниот живот со сопругот и двете ќеркички.
Алба позираше со нејзините девојчиња Хонор (5) и едногодишната Хавен кои изгледаат подеднакво преслатки како нивната мајка. На фотографијата Алба е прикажана како подготвува салата, а добро е познато дека таа е заговорничка на здравата исхрана. Неодамна таа ја објави книгата за здрав живот „The Honest Life“.
Погледнете го удoбниот и еко-френдли дом на Алба