Оскаровката Џенифер Лоренс брзо по освојување на престижната награда се повлече од јавните настапи поради снимањето на продолжението на „The Hunger games“, а сега се појави на GLAAD Media Awards во Лос Анџелес и изгледаше подобро од кога и да е.
Лоренс отсекогаш изгледала опуштено и се чинеше дека не е од оние девојки кои страдаат по совршенство. Но, во последните неколку месеци и тоа како работи на својот изглед.
Многу послаба и со кратка фризура, Џенифер се појави на доделувањето на GLAAD Media Awards во Лос Анџелес каде што му предаде награда на поранешниот американски претседател Бил Клинтон, но и го покажа новиот изглед во црн фустан со потписот на David Koma.
Многумина коментираа дека 22-годишната актерка никогаш не изгледала позрело и поубаво. Кој знае – може ја пронајде картата за успех во светот на вечно младите?
Во галеријата погледнете ги сите изданија на Џенифер Лоренс