Порно актерката Џена Џејмсон беше уапсена пред неколку дена поради напад врз друга женска личност. Според најновите информации, откриено е дека станува збор за нејзината асистентка за која се сомневала дека ја ограбила.
Џена забележала дека од куќата започнуваат да и недостигаат предмети, па ја обвинила нејзината асистентка Бритни Маркем. Кавгата прераснала во тепачка, а порно ѕвездата ја удрила девојката во стомакот и грбот со боксирачот кој воедно е маска за нејзиниот iPhone.
Боксирачите се забранети во Калифорнија, но носењето на вакви „кутии за мобилен“ е целосно легално. Асистентката и рекла на полицијата дека Џена, додека ја удирала, и се заканувала и дека ќе ја убие.
„Мојата пријателка Бритни Макем ме ограби“ напишала на Твитер порно ѕвездата, додека асистентката прикачила фотографија од болницата на која пишувало „Погледни што ми напрви“.
Бритни по излегувањето од болница барала од судот на Џена да и се воведе забрана за приближување.