Актерите Џејмс Франко, Рејчел МекАдамс и Џеф Бриџис потврдија дека ќе ги позајмат нивните гласови за адаптацијата на класикот на Сент Егзипери „Малиот принц“.
Марк Озборн кој го режираше и анимираниот филм „Кунг фу панда“ ја превзема одговорноста да го прикаже ова ремек-дело во вистинско светло.
Антоан де Сент Егзипери ја напиша книгата „Малиот принц“ во 1943 година, која за кусо време стана неизбежна лектира за сите млади генерации.
Приказната раскажува за еден пилот кој паѓа во Сахара, каде го запознава малиот принц кој тврди дека доаѓа на Земјата од далечен астероид, за да би пронашол заштита за неговата роза.