Раперот Џеј Зи ќе издвои четири милиони долари за да ѝ купи мал приватен остров на Бахамите на сопругата Бијонсе.
Неименуван извор за магазинот „Sun“ рекол дека музичарот ќе го купи овој остров за на вистински начин да ја одбележи годишнината од бракот, но и за да имаат каде да поминуваат мирно време со својата ќерка Блу Ајви.
„Приватниот остров за нив значи дека ќе поминуваат квалитетно време со најблиските“, навел изворот.