Џеј Зи: Бијонсе не е трудна

Популарниот рапер Џеј Зи кој е во брак со поп дивата Бијонсе ги демантираше гласините дека неговата сопруга повторно е трудна.

До оваа информација дошол водителот на радиo емисијата Hot 97 кој испратил честитка на брачната двојка за новата бременост.

По примањето на честитката, Џеј Зи телефонски му се јавил на водителот и му рекол дека Бијонсе не е трудна.

Гласините за бременоста на пејачката почнаа да се шират откако таа гo откажа концертот во Белгија поради посета на доктор и исцрпеност. Медиумите веднаш почнаа да пишуваат и да објавуваат дека Бијонсе е трудна со второ дете. Таа ја има ќеркичката Блу Ајви која е родена во јануари минатата година.

Beyonce-blue-ivy-and-jay-z

- Реклама -