Кајли Миног и Андрес Валенкосо по пет години одлучија да и стават крај на врската.
Пејачката Кајли Миног пет години беше во врска со шпанскиот модел Андрес Валенкосо, но на љубовта и дојде крајот.
„Не раскинаа поради несогласувања, тие останаа пријатели, само што веќе не се љубовници. Не поминуваа многу време заедно и поради тоа на врската и дојде крај“, открил близок извор на двојката за US Weekly и додал:
„Кајли се држи добро, се фрли на работа и моментно е окупирана со многу работи“.
Џебната Венера, како што ја нарекуваат американските медиуми, ја почна врската со Андрес кога имаше 40 години, а во неколку наврати изјавуваше дека не е девојка за големи церемонии и свадби и дека по тоа прашање нема планови за иднина.