Поп-сензацијата Џастин Бибер постави слика на Инстаграм која предизвика низа коментари и контроверзии. Во прашање е скица на која младиот пејач се прегрнува со непозната девојка, додека двајцата лежат без маица.
Оваа мистериозна фотографија беше објавена само неколку дена откако Бибер при посетата на музејот на Ана Франк, напиша во книгата дека „Ана сигурно би била негов фан“.
Пејачот преку Инстаграм им порачал на медиумите да не шират лаги за неговиот живот, и додал дека тој е цврсто фокусиран на своите фанови, како и на позитивните работи.