Џастин Бибер нападнат на концерт во Дубаи (видео)

Во текот на изведбата на песната „Believe“ на концертот во Дубаи, непознат маж го нападнал Џастин Бибер.

Канадската тинејџерска атракција Џастин Бибер беше нападнат во текот на неговиот концерт во Дубаи. Додека ја изведувал песната „Believe“ на клавир, непознат маж се појавил на сцената и го зграбил пејачот од позади.

Напаѓачот успеал да го скрши клавирот кој не бил во функција до крајот на настапот на Бибер. На крајот, обезбедувањето успеало да го совлада напаѓачот, а по инцидентот концертот продолжил.

Погледнете го инцидентот

http://youtu.be/TRnu7DezXj4

- Реклама -