Меѓу туристите кои за некој месец ќе се вивнат во вселената со леталото „Virgin Galactic“ ќе биде и познатата канадска ѕвезда Џастин Бибер.
Како што пренесува BBC, поп-пејачот се придружи на познатите личности кои веќе резервирале седиште во леталото на британскиот милијардер Ричард Бренсон, покрај Леонардо ДиКаприо и Ештон Качер.
Одушевен од одлуката на младиот пејач, Бренсон на неговиот Твитер му испратил порака „Честитам, се гледаме горе!“
Инаку, само за депозит за лет во вселената се потребни 250.000 долари.
Се очекува првото туристичко патување да започне во 2014-та година.