Еден обичен човек од толпата, кој не се занимава со интриги, кој си ја гледа работата, а маска носи само кога има потреба, односно на маскенбал, одеднаш ќе се најде во еден необичен, туѓ свет во кој некој друг ја игра неговата улога.
И додека се прашува дали сите околу него се маѓепсани од некаква нечиста сила, неговиот двојник бездушно ќе му ги грабне пријателите, работното место, станот, целиот негов живот.
Ненадминат психолошки роман за раздвоената личност. Книга за бездните што се кријат во човековата душа.