Најголем УПС за ѕвездите е кога ќе се најдат во магазините како исто облечени со некоја нивна колешка.
Овој пат во нашиот моден двобој ги имаме Брандо и Ники Минаж, од музичкиот шоу бизнис.
Станува збор за тоалета која што е дел од овогодинешната пролетно-летна колекција на модната куќа Alexander McQueen.
Суптилната облека (како и целата модна линија) вешто е искомбинирана во еден стилски, елегантен изглед и секси – дрско емитување. Почетокот на март месец пејачката Брандо Норууд се појави на 45-то издание на наградите NAACP, облечена во фасцинантниот фустан со cut-out детали.
На 18-ти мај се одржа церемонијата на доделување на годишните награди на магазинот Billboard, а на настанот заблеска Ники Минаж, но во истиот фустан.
На која и стои подобро?